Освежувачка кремаста торта која лесно се подготвува…
Состојки:
- 2 жолчки
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 3,5 дл млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250 гр компот од јагоди
- 3 листови желатин
- 200 гр пишкоти
- 5 дл неутрална павлака за
- шлаг
Начин на подготовка:
- Разматете жолчки и шеќер, додајте брашно и млеко. Остатокот од млекото згответе го со ванила. Тргнете од оган и додајте жолчки. Гответе додека не згусне. Во изладениот крем додајте 3 дл шлаг.
- Обложете калап за торти со фолија и пишкоти потопени во млеко. Излејте слој крем, па компот со желатин. Кога ќе стегне, додајте го останатиот крем и ред пишкоти. Премачкајте со останатиот шлаг.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега