Направете вкусна торта без маснотии и брапно, брзо и лесно.
Ова е рецептот:
Бисквит:
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици мармалад
- 200 гр. ореви
Фил:
- 6 жолчки
- 200 гр. шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 600 мл. млеко
- 1 ванилин шеќер
- 2 кеси шлаг за горе
- чоколадо за горе
Подготовка:
- Се матат убаво белките со шеќер, па им се става мармалад.
- Се става хартија на калап, па се става половина од иситнетите ореви, па смесата со белки, па другиот дел од оревите, и се пече на 180 степени 15 минути.
- Се пече уште половина час на помала температура, па се исклучува рерната и се остава уште 10 мин внатре тортата.
- За фил се мешаат шеќерот со пудинг и малку млеко, па се става се во млекото на оган.
- Се додаваат и жолчките, па се става смесата над бисквитот и се рамни, а горе се става шлаг и нарендано чоколадо.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта