Превкусни пржени бомбици со компир, кашкавал и сусам.
Многу се вкусни, ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр. компир
- 200 гр. компир
- 50 гр. маргарин
- 50 мл. млеко
- вегета
- сол
- 150 гр. кашкавал
- 200 гр. сусам
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Се лупат и сечат компирите на коцки и се варат 20 минути во солена вода. Се цедат и се толчат како за пире, се додава маргарин, вегета, сол и млеко, и се меша, па се лади смесата.
- Додајте потоа брашно и замесете тесто.
- Исечете кашкавал на мали коцки, направете бомбици од смесата и внатре ставете парче кашкавал.
- Валкајте ги во сусам, и пржете ги на загреано масло.
- Нека стојат на салфета да ја впие маснотијата.
- Супер се со тартар и пиво.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт