Преубав овошен колач со суви кајсии и грозје и јаткасти плодови…
Состојки:
- 2 кесички од по 100 гр бел шлаг крем
- 1 чаша млеко
- суви кајсии
- суво грозје
- 1 мала шолја фстаци (може и ореви или бадеми)
- 1 чаша лешници
- 1 помало пакување двопек
- неколку суви кајсии за украсување
Начин на подготовка:
- Разматете шлаг со млеко и оставете половина час во фрижидер. Кајсиите потопете ги на 10 минути во врела вода, потоа исушете ги и ситно исечкајте ги. Исечкајте го и сувото грозје, а фстаците и лешниците грубо здробете ги и сè додајте во изладениот шлаг.
- Двопекот внимателно искршете го на поголеми парчиња па и него додајте го во шлагот, благо измешајте па префрлете во долгунест калап премачкан со путер. Оставете најмалку два часа во фрижидер, па послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта