Направете вкусен појадок или вечера, како и супер мезе за гости дома.
Ова е рецептот за домашни и вкусни брускети:
Состојки:
- 6 кришки интегрален леб
- 2 домати
- 3-4 чешни лук
- 100 гр. кашкавал
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Парчињата леб премачкајте ги со иситнет лук, ставете ги во загреана рерна на 200 степени, неколку минути додека не фатат кора.
- Измијте ги доматите, излупете ги, па исечете ги ситно.
- Ставете од доматите на секое парче леб, па на крај ставете изрендан кашкавал.
- Печете ги уште малку додека не се стопи кашкавалот.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: