Совршен рецепт кој децата го сакаат.
Се топи во уста и мами со аромата:
Состојки:
- 150 гр. трапист
- 150 гр. шунка
- 3 јајца
- 20 гр. пармезан
- 1,5 дл. кисела павлака
- 1 лажиче вегета
- 8 кришки леб
- 1-2 дл. млеко
- сол и бибер
Подготовка:
- Се ренда трапистот, шунката се сече на резанци.
- Јајцата се матат убаво, се додава трапистот, шунката, пармезан, сол и бибер, вегета и кисела павлака.
- Се меша во густа смеса.
- Се натопува кратко секое парче леб во млеко, па се става на плех со хартија и се премачкува со дебел слој од смесата.
- Се запекува на 180 степени додека не поруменат лепчињата.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми