Вкусен и брз ручек, неодоливи ќофтиња од риба…
Состојки:
- 600 гр бела риба филети
- 1 главица црвен кромид
- 4 лажици презла
- 1/2 шолја брашно
- 300 гр мајонез
- 1/2 лажичка кари во прав
- 2 јајца
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Мајонезот измешајте го со кари и додајте ги рибините филети кои претходно сте ги зготвиле на пареа.
- Во блендер измешајте кромид, јајца, презла, сол и бибер. Сè добро сомелете па додајте ги рибата и мајонезот.
- Кога ќе добиете компактна маса правете топчиња со раце, извлкајте ги во брашно и пржете ги во масло додека не добијат златна боја.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна