Направете универзално тесто за се, со само две јајца.Ова е рецептот кој многу ќе ви се најде за било каква пригода.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 500 мл. млеко
- 3 лажици кисело млеко
- 3 лажици масло
- 1 прашок за пециво
- 20 гр свеж квасец
- 1 кг брашно
Начин на подготовка:
- Се раствара квасецот во 200 милилитри млако млеко со шеќер, се остава да се активира десетина минути, па во голем сад се става брашното со прашок за пециво и потоа квасецот и сол.
- Се убаво се меша, се ставаат и изматените јајца, помешаи со млеко и кисело млеко, па се замесува тесто.
- Направете топка и оставете ја во вангла покриена со крпа и оставете да нарасне на топло.
- Може да направите потоа што и да посакате, тесто за пица, кифли, а трае до 7 дена, секако со стоење во ладилник.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми