Сочно пилешко за целото семејство…
Состојки:
- 400 гр пилешко месо
- 100 мл бело вино или пилешки бујон
- 200 мл млеко
- 2 лажици брашно
- 1 лажица исечкан магдонос
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечете ги пилешките гради да бидат со еднаква дебелина. Посолете и побиберете по вкус, па извалкајте го пилешкото во брашно.
- Загрејте масло и пропржете ситно сечкан кромид. Додајте месо и печете додека не порумени.
- Во тавата додајте бело вино или пилешки бујон и претходно разматено брашно и млеко. Мешајте за сосот да не се залепи за дното.
- Кога сосот ќе добие густина додајте ситно сечкан магдонос и лук. Сервирајте топло со салата.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо