Мисиркини шницли полнети со сирење и млад кромид

Мисиркини шницли полнети со сирење и млад кромид

Ви донесуваме рецепт за неодолив оброк – мисиркини шницли со сирење и кромид.

Состојки:

  • 4 поголеми мисиркини шницли
  • 100 гр сирење
  • 4 парчиња млад кромид
  • 4 тенки парчиња сланина Пекабеско
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Шницлите измијте ги, исушете ги, па помеѓу две провидни фолии истанчете ги малку со чекан за месо. 
  2. На истанчените шницли ставете издробено сирење, посипете сечкан млад кромид, па внимателно свиткајте ролни и прицврстете ги со чепкалки. 
  3. Околу обвиткајте сланина и пропржете во тава на неколку минути. Преместете ги шницлите во огноотпорен сад и запечете ги околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text