Направете вкусни крокети од компир од рерна, кои не впиваат многу масло и се деликатесни.Ова е рецептот кој е брз:
Состојки.
- 800 гр. компир
- 150 гр. шунка
- 100 гр. кашкавал
- ½ млад кромид
- 2 јајца
- брашно за валкање
- маслиново масло
- сол
- бибер
Сос:
- 400 мл. кисело млеко
- вегета
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Се вари компирот со лушпа, се лупи и се ренда.
- Се сече шунката на коцки, кромитчето ситно. Се додаваат заедно со јајца и една лажица брашно и зачини на компирот и се меси додека не се добие еднаква смеса.
- Во плех со хартија се става малку масло, па крокети кои претходно ќе ги извалкаме во брашно.
- Се печат додека не поруменат на 200 степени.
- Служете со сос од киселото млеко, со зачини.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи