Нешто повкусно и од мусака, превкусен деликатес со компири.Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 кг. компири
- 2 дл. кисела павлака
- 2 дл. павлака за готвење
- сол
- бибер
- 1 чешне лук
- 180 гр. кашкавал
- вегета
- 40 гр. маргарин
Подготовка:
- Се лупат компирите и се сечат на тенки листови, па се ставаат во сад со ладна вода.
- Нека стојат пет минути, па исцедете убаво.
- Се лупи и сече лукот, па се става на дното на тепсија.
- Се мешаат заедно двата вида павлака со зачините и компирот, па се става се во тепсијата.
- Ставете горе кашкавал и маргарин.
- Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 45 минути.
- Може по желба да си додадете внатре и печурки, или сувомеснато.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи