Направете вкусни селски погачи со сирење, фил кој е прекрасен, арома која мами.
За цело семејство, ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 40 гр. ржано брашно
- 1 квасец
- 400 мл. вода
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 500 гр. сирење
Подготовка:
- Се мешаат сите состојки во чинија освен сирењето.
- Се прави тесто и се остава да нарасне на топло околу половина час.
- Вадете потоа мали топки, па направете погачи, а во средината ставете издробено сирење.
- Печете ги на плех со хартија на 180 степени додека не поруменат.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми