Многу вкусни и меки. Погачици со интересна состојка – кечап, поради кој имаат неодолив вкус и боја.
Состојки:
- 900 гр брашно
- 250 гр маргарин
- 200 гр кечап
- 1 јајце
- 300 мл млеко
- 20 гр свеж квасец или 5 гр сув
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Во млако млеко ставете шеќер, квасец, малку брашно па измешајте и оставете квасецот да проработи. За тоа време во вангла ставете 700 гр брашно, исечкан маргарин и сол. Со раце добро измешајте. Во средина направете дупка и во неа ставете 1 јајце, кечап, надојден квасец.
- Добро замесете со додавање брашно. Тестото е лепливо но затоа ставете го да стегне во фрижидер на неколку часа или до наредниот ден.
- Премесете, развлечете со сукало, па вадете кругови. Редете ги на намастена тепсија обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и оставете ги во тепсијата да стојат околу 15 минути. За тоа време вклучете ја рерната на 220 степени да се загрее. Печете ги погачиците 20-30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи