Неверојатно вкусна проја која ќе ја подготвувате со задоволство и на крај ќе уживате во нејзиниот вкус.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 шолја пченкарно брашно
- 1 шолја бело пченично брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- сирење
- 1 тиквица
- 1/2 шолја млеко
- 1/2 шолја јогург
- 1/2 шолја масло
Начин на подготовка:
- Тиквицата исчистете ја, посолете ја и оставете ја да отстои 15 минути.
- Рачно разматете јајца, додајте проино брашно, пченично брашно измешано со прашок за печиво, млеко, јогурт и масло. Сè изедначете со лажица.
- Додајте сирење (количина по вкус – околу 100 гр) и тиквицата која претходно добро сте ја исцедиле со раце.
- Печете во округла тепсија Р-24 см на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи