Направете ѓевреци со мак, нешто многу вкусно и со малку состојки.Ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 250 мл. вода
- 3 лажици масло (плус за премачкување)
- 1 сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- мак и сусам за горе
Начин на подготовка:
- Се става брашното во вангла, па во него квасецот со шеќер. Се прави вдлабнатина, се става вода и масло, па половина сол и се замесува тесто.
- Пред крајот на месењето се става и остатокот од солта.
- Измачкајте го тестото со масло и оставете го 30 минути на топло.
- Премесете и поделете го тестото на 5 дела, па направете ѓевреци.
- Ставете ги на плех со хартија и масло, па оставете ги 30 минуит да нараснат.
- Загрејте ја рерната на 200 степени, па испрскајте го тестото со вода, ставете сусам и мак и печете.
- Нека се печат 30 минути додека не добијат златна боја.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
Појадок со кој ќе топите килограми