Ви донесуваме едноставен рецепт, кој на прво ќе ги освои вашите симпатии!
Станува збор за вкусен мус од бело чоколадо, кој ќе ви одземе многу малку време за подготовка.
Состојки:
- 3/4 шолја шеќер
- 6 жолчки
- 85 растопено бело чоколадо
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1,5 шолја слатка павлака
- 4 шолји шумско овошје
Начин на подготовка:
- Шеќерот, 1/4 шолја вода и жолчките измешајте ги на пареа и матете ги со миксер околу 8 минути. Во оваа смеса додајте уште топло растопено бело чоколадо и ванила. Смесата соединете ја со миксер.
- Разматете слатка павлака додека не добиете цврста смеса налик шлаг. Од оваа смеса 1/4 додајте во смесата со бело чоколадо. Остатокот од шлагот ставете го фрижидер да се излади.
- Мусот од чоколадо ставете го мали садови и украсете го со малку шлаг и шумско овошје по желба.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта