Лазањи на медитерански начин, лесно се подготвуваат, а имаат неверојатен вкус…
Состојки:
- 1 пакување лазањи
- 400 гр конзерва Тимко туна
- 2 пакувања сечкан домат
- 300 гр моцарела
- босилек
- оригано
- 30 гр исчистени црни маслини
- 30 гр пармезан
- 3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- На маслиново масло додајте сечкани домати со босилек и оригано. Кога ќе проврие, додајте туна,исечкани маслини и динстајте на слаб оган 10-тина минути.
- Садот за подготовка на лазањи премачкајте го со путер, наредете листови лазањи, па по нив распоредете го подговениот сос, посипете со нарендана моцарела и така редете додека не го потрошите сосот. Завршете со листови лазањи.
- Посипете со изрендано сирење. Печете во рерна загреана на 200 степени 30 минути.
- Кога лазањите ќе бидат готови можете да ги прелиете со кечап.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука