Црешите се овошје од кое можат да се направат многу десерти, а еден од нив ви донесуваме токму сега.
Состојки:
- 2 јајца
- 50 мл масло
- 1/2 чаша брашно
- 1/2 чаша гриз
- 100 гр шеќер
- кора од лимон
- 400 гр цреши
- 100 мл јогурт
- 1/2 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и гриз со прашок за печиво, јогурт, кора од лимон и масло, па сè добро измешајте.
- Намастете плех и побрашнете го, па на дното наредете исчистени цреши, преку нив тесто па повторно цреши и тесто, убаво распоредете.
- Печете на 200 степени околу 30 минути. Изладениот колач исечете го и посипете го со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега