Колач полн овошје: Од рерната ќе замириса цело маало

Колач полн овошје: Од рерната ќе замириса цело маало

Направете домашен вкусен колач со јаболки, банани и праски.

Вкусот на пролетта е пред вас:

Состојки:

  • 4 јајца
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 1,5 шолји шеќер
  • 1,5 шолји брашно
  • ½ шолји масло
  • 2 јаболки
  • 2 праски
  • 2 банани
  • малку шеќер во прав за горе
  • цимет за горе

Подготовка:

  1. Се лупат јаболките и се сечат на крупни коцки заедно со бананите и праските.
  2. Се загрева рерната на 200 степени.
  3. Се матат јајцата со шеќер, се додава масло. Се става и постепено брашното, па прашок за пециво, и се меша да се изедначи.
  4. Ставете ја смесата во подмачкан плех, ставете го и сеченото овошје, малку шеќер во прав и цимет.
  5. Се пече на 180 степени додека не фати боја.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

 

 

singlepost_text