Ако сакате деликатес за ручек, ова е рецепт за вас.Лесно е и брзо.
Подготовка:
- 3 средни тиквички
- 3-4 јајца
- 100 гр. брашно
- 150 гр. шунка
- 200 гр. кашкавал
- 180 гр. кисела павлака
- сол
- вегета
- бибер
Подготовка:
- Тиквичките се лупат и се сечат по должина, па се ставаат во цедалка со сол. Така се остава 30 минути.
- Се цедат, па се валкаат во брашно.
- Ставаме масло да се загрее, па се пржат тиквичките. Се ставаат на салфета да ја впијат маснотијата.
- Се премачкува огноотпорен сад, па се става ред тиквички.
- Се става над нив шунка, па рендан кашкавал, и така додека има состојки.
- Обично излегуваат три слоја.
- Последниот завршете го со шунка.
- Се мати павлаката со јајца и се става смесата, па малку изрендан кашкавал.
- Се пече на 200 степени 30 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт