Сезона на зеленчук: Печени тиквици со прелив

Сезона на зеленчук: Печени тиквици со прелив

Вкусни печени тиквици со прелив по оригинален турски рецепт…

Состојки:

  • 600 гр тиквици
  • 80 гр кромид
  • 200 гр црвени свежи пиперки
  • 2 чешиња лук
  • 1 лажичка исечкан копар
  • 1 лажица зачин
  • 2-3 лажици маслиново масло

Состојки за прелив:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажици вода
  • шеќер
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло кратко пропечете го кромидот исечкан на листови и пиперките исечкани на стапчиња. 
  2. Додајте тиквици исечкани на кругови и зачин. Измешајте и динстајте под поклоп на слаб оган околу 10 минути. 
  3. Посебно кратко згответе оцет, шеќер и вода, прелијте преку тиквиците и малку измешајте. 
  4. Тиквиците ставете ги во огноотпорен сад и запечете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. 
  5. Запечените тиквици посипете ги со исечкан копар и послужете ги како прилог со плескавици или месо.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text