Направете вкусен колач со јогурт и вишни. Нема вага, нема мака, се е лесно и брзо.Ова е рецептот кој ќе се јаде со воодушевување.
Состојки:
- 2 јајца
- 1,5 шолји шеќер
- пола шолја масло
- 2 шолји брашно
- ½ прашок за пециво
- 2 кеси ванилин шеќер
- 1 шолја јогурт
- малку нарендана кора од лимон по желба
- 1 тегла компот од вишни
Подготовка:
- Напомена: Шолјите нека бидат од 2 децилитри.
- Се загрева печката на 180 степени, а вишните се цедат од компотот.
- Се матат две јајца со шеќерот, ванилин шеќер, додека не се добие жолтеникава смеса.
- Се додава потоа и масло, се намалува миксерот и се додава постепено брашното помешано со прашок за пециво, а на крај и јогуртот.
- Се премачкува калап со маргарин и се става брашно, па смесата, а врз неа се распоредуваат вишни и се пече 35 минути на 180 степени додека не стане кората жолтеникава.
- Ако сакате црна кора, додадете си малку какао во смесата.
- Декорирајте со вишни горе и шеќер во прав или по желба.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат