Здрав чипс од тиквици

Здрав чипс од тиквици

Подгответе здрава варијанта на омилените грицки!

Состојки:

  • 1 голема тиквица
  • 50 гр сусам
  • 100 гр пченкарно брашно или презла
  • малку млеко
  • сол
  • малку лук во прав
  • слатка или лута пипер во прав
  • малку рендано тврдо сирење
  • хартија за печење
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата исечкајте ја на тенки кругови. Круговите тиквици посолете ги и оставете ги 30 минути да отстојат во сол. 
  2. Измешајте ги сите суви состојки. 
  3. Ставете малку млеко во една чинија. Тиквиците исцедете ги. Секој круг тиквица потопете го во млеко, па од двете страни извалкајте ги во смесата од суви состојки. Притиснете добро да се залепат. 
  4. Потоа круговите наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Прокапете малку масло ако сакате. Печете 10 минути на 200 степени. Свртете ги круговите на другата страна и печете уште 10 минути додека не станат златни.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text