Мусака со болоњезе сос – никој од семејството нема да го пропушти овој ручек

Мусака со болоњезе сос – никој од семејството нема да го пропушти овој ручек

Направете вкусна мусака со болоњезе сос.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 ½ кг. компири 
  • 2 главици кромид 
  • 1 пиперка 
  • 2 моркови
  • Магдонос 
  • 300 гр. мелено месо 
  • 1 кесе прелив болоњезе 
  • 2 лажички вегета 
  • 1 лажиче сол 
  • бибер 
  • 100 мл. масло

 

 

Бешамел:

  • 2 лажици брашно 
  • 1 јајце 
  • 250 мл. млеко 
  • 50 мл. масло 
  • 4 лажици кисела павлака 
  • сол 
  • бибер

 

Подготовка:

  1. Компирот се вари со лушпа, па се лупи и сече на кругови, а кромидот со пиперката и морковите се сече ситно и се ситни со магдоносот во блендер, па се пржи на малку масло на тава. 
  2. Се додава меленото месо и се динста, па се става болоњезе сосот разматен со вода, како што е прикажано на кесата за сосот. 
  3. Ставете вегета, сол и бибер и оставете да се крчка 40 минути. 
  4. Направете го бешамелот со брашно на масло, па 200 мл. млеко и 2 лажици павлака.
  5. Мешајте убаво да нема грутки и оставете го на страна. 
  6. Премачкајте тепсија, па на дното ставете компири, па болоњезе фил, па компир и така додека има материјал. 
  7. Бешамелот измешајте го со јајце и млеко и 2 лажици павлака, па ставете се на мусаката. 
  8. Печете на 200 степени 40 минути на загреана рерна.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко