Мекици со јогурт за помалку од 30 минути: Не впиваат многу маснотија, меки како душа

Мекици со јогурт за помалку од 30 минути: Не впиваат многу маснотија, меки како душа

Направете вкусни и брзи мекици за Добро утро со јогурт, кои се меки како перниче, а не впиваат многу маснотија.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 јајце
  • малку сол
  • 1 прашок за пециво
  • 1/4 л. јогурт
  • брашно колку тестото да е меко

Начин на подготовка:

  1. Се мешаат јајцето со сол, прашокот за пециво и јогурт во вангла и се додава постепено брашно, колку тестото кое ќе го замесите да е меко.
  2. Нека стои 15 минути да нарасне.
  3. Се вадат топки од тестото и се пржат во врело масло на тава.
  4. Се ставаат потоа на салфета.
  5. Уживајте, супер е со јогурт или павлака, како и сирење.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее