Сникерс крофни: Не можат да бидат повкусни, излегуваат многу од една смеса

Сникерс крофни: Не можат да бидат повкусни, излегуваат многу од една смеса

Идејата за сникерс крофни кога ќе ја прочитате верувајте веднаш ќе ја направите.

Апсолутно се неодоливи, вкусни и шират арома.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 450 мл. вода
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 750 гр. брашно
  • 50 мл. масло
  • неколку Сникерс чоколади за полнење
  • масло

Подготовка:

  1. Во млака вода се става квасец и шеќер со лажица брапно да се активира.
  2. Се додава потоа половина од брашноти и се меша, па уште половина постепено со мешање.
  3. Се додава и сол.
  4. Тестото ќе биде уште лепливо и затоа се додава масло и се остава да отстои малку да впие, па се премесува, па се остава да нарасне околу 40 минути.
  5. Додека го чекате тестото, исечете ги чоколадите, па потоа премесете го тестото, извадете делови и направете крофни, а во средина ставете од сечениот сникерс.
  6. Вака излегуваат околу 22 крофни.
  7. Се пржат на масло.
  8. Се цедат на салфета, па им се става шеќер во прав.

 

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

 

singlepost_text