Переци по рецептот на нашите баби: Ќе мириса цел дом, денот не може да почне подобро

Переци по рецептот на нашите баби: Ќе мириса цел дом, денот не може да почне подобро

Што би било поубаво од тоа денот да го почнете со супер вкусни переци.Посен и лесен рецепт:

Состојки:

  • 800 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 мали шолји масло
  • 1 лажиче сол
  • ½ л. млака вода

 

 

Подготовка:

  1. Квасецот се става во малку млака вода да се активира. Се додава и лажиче шеќер, па потоа откако ќе нарасне, се замесува со маслото, сол, млака вода и брашното кое постепено се додава.
  2. Тестото добро се меси, додека не се одвои од ванглата.
  3. Нека нарасне на топло место.
  4. Се вадат делови и се прават переци со делови од тестото и се оставаат половина час на плех со хартија да нараснат.
  5. Се печат на 200 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми