Направете вкусен и освежителен колач со портокали.Ова е рецептот за убавото задоволство.
Состојки:
- 180 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер
- 150 гр. брашно
- ½ кесе прашок за пециво
- 200 гр. мелени ореви
- 2 рендани и смрзнати портокали
- 6 белки
1 Слој:
- 6 жолчки
- 200 гр. шеќер во прав
2 Слој:
- 150 гр. мелени бисквити
- 7 лажици сок од портокал
- 100 гр. шеќер во прав
- 150 гр. маргарин
- 50 гр. бело чоколадо
- мелени или сецкани ореви за горе
Подготовка:
- Се матат маргаринот со шеќер, се додава брашно помешано со прашок за пециво, мелени ореви и рендани портокали.
- Одвоено се матат белките, се додаваат во претходната маса.
- Се убаво се меша и се става во подмачкан плех, па се пече на 180 степени.
- Во меѓувреме се матат жолчките со шеќер во прав, па печената кора се премачкува со оваа смеса и се враќа во рерна на 150 степени да се засуши слојот.
- За вториот слој се мешаат бисквитите со сок од портокал, па се додаваат одделно матените маргарин и шеќер во прав, па белото чоколадо. Се меша се убаво.
- Се премачкува оладената кора и се наросуваат сецкани или мелени ореви.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: