Домашни мини еклери: Профитероли со сладолед и шлаг

Домашни мини еклери: Профитероли со сладолед и шлаг

Неодоливи залаци кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • сол
  • 60 гр путер
  • 130 гр брашно
  • 3 јајца
  • 16 топчиња сладолед од ванила (околу 600 мл)
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Зовријте 200 мл вода, прстофат сол и коцки путер. Додајте брашно.
  2. На слаб оган мешајте со лажица за на дното на лонецот да се создаде округол и бел слој. Потоа ставете го тестото во сад. Измешајте едно по едно јајце.
  3. Ставете 16 топчиња на плех обложен со хартија за печење. Печете околу 25 минути.
  4. Потоа пресечете го тестото и оставете да се излади. Со миксер разматете шлаг додека не добиете густа смеса.
  5. Профитеролите полнете ги со сладолед од ванила и шлаг, а по желба прелијте од надворешната страна со чоколадо кое сте го растопиле со малку млеко.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text