Бела крем салата: Кашкавал, шунка и печурки, лесна за правење, погодна за свечености

Бела крем салата: Кашкавал, шунка и печурки, лесна за правење, погодна за свечености

Направете посебна салата. Нејзиното име е бела салата и навистина е вкусна и идеална и за појадок и за ручек и за свеченост.

Состојки:

  • 300 гр. тестенини
  • 150 гр. шунка
  • 3 варени јајца
  • 100 гр. маринирани шампињони
  • 350 гр. кисела павлака
  • 200 гр. кашкавал
  • 150 гр. мајонез

Подготовка:

  1. Се варат тестенините во солена вода и се цедат.
  2. Ставете ги во соодветен сад, па ставете ја исечената шунка, или пак нарендана по избор.
  3. Додајте ги варените јајца кои ќе ги изрендате на крупниот дел од рендето.
  4. Додадете ги и ситно сечените маринирани шампињони и 150 грама изрендан кашкавал.
  5. Додајте мајонез и павлака и измешајте.
  6. Горе ставете кашкавал односно 50-те грама кои останаа за декорација.
  7. Оладете и служете.
  8. Декорирајте по желба

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

singlepost_text