Карамел колач: Неодолива комбинација од вкусови која ќе ве воодушеви

Карамел колач: Неодолива комбинација од вкусови која ќе ве воодушеви

Идеја за совршен десерт кој не се пече, едноставно се прави, а вкусот е феноменален…

Состојки за кора:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер или маргарин
  • 2 лажици какао
  • 150 мл млеко

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 3 кесички пудинг со вкус на карамел
  • 1 лажица густин
  • 150 гр путер или маргарин

Останати состојки:

  • 10 цели бисквити
  • 100 гр чоколаден шлаг крем
  • 200 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете путер, додајте мелени бисквити, какао и млеко, измешајте. Ставете во плех со обрач од 26 см. Наредете издробени бисквити. 
  2. Пудингот и густинот измешајте ги па ставете 200 мл млеко и добро измешајте, да не останат грутки. Во 800 мл млеко ставете шеќер и загрејте (но не да зоврие). Додајте го пудингот и на умерена температура мешајте да згусне. Тргнете од рингла, додајте путер и измешајте да се растопи и соедини. Пудинг филот ставете го преку бисквитите. 
  3. Ставете во фрижидер да се излади и стегне. Тргнете го обрачот. Разматете чоколаден шлаг крем со млеко и ставете го преку добро изладениот колач. 
  4. Вратете на кратко во фрижидер па исечете и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text