Модар патлиџан во сос од јогурт

Модар патлиџан во сос од јогурт

Денес ви донесуваме рецепт за патлиџан во сос од јогурт. Вкусно јадење, лесно и едноставно за подготовка…

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • лук
  • сусамова паста
  • сок од лимон
  • маслиново масло
  • зачин
  • свежо нане
  • магдонос
  • малку бибер
  • сол
  • зрна калинка

Начин на подготовка:

  1. Испечете го патлиџанот во кора на скара или во рерна на 225 степени 30 минути. Пред печењето треба да избушите неколку дупчиња на кората. Откако ќе биде печен, исцедете ја течноста од патлиџанот и потоа излупете го – оставете ја петелката која ќе го држи. Ставете го патлиџанот во чинија и прелијте го со сос и маслиново масло. 
  2. За сосот измешајте сусамова паста, изгмечен лук, маслиново масло, сол, бибер, магдонос и малку сок од лимон. Прелијте преку топлиот патлиџан и украсете со зрна калинка.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text