Слатки залаци: Торта со путер од кикирики

Слатки залаци: Торта со путер од кикирики

Необична торта со вкус на кикирики…

Состојки за кора:

  • 1,5 шолја издробени бисквити
  • 1/3 шолја шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 шолја растопен путер

Состојки за фил:

  • 200 гр крем сирење
  • 1 шолја путер од кикирики
  • 1 шолја шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1,5 шолја павлака за шлаг
  • 3 шолји сечкано чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите наведени состојки за кора. Смесата втиснете ја на дното и од страните на калап за колачи и запечете 10 минути.
  2. За филот, со миксер разматете крем сирење, путер од кикирики, шеќер и екстракт од ванила.
  3. Во посебен сад разматете шлаг, па соединете го со сирењето и путерот, а на крај измешајте и парчиња чоколадо. Филот ставете го преку изладената кора и ставете во фрижидер да отстои најмалку 4 часа.

Послужете и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата