Рецепт за неодоливи тулумби – повкусни не сте пробале (Видео)

Рецепт за неодоливи тулумби – повкусни не сте пробале (Видео)

Наизглед, правењето тулумби изгледа едноставно, но не е баш така. Треба да посветите внимание… Во прилог ви донесуваме совршен рецепт за овој традиционален десерт:

Состојки за тулумби:

  • 500 мл вода
  • 500 гр меко брашно
  • 100 мл масло
  • 7 јајца

Состојки за сируп:

  • 800 мл вода
  • 1 кг кристал шеќер
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Прво се подготвува сируп кој мора да биде ладен. Ставете вода и шеќер на оган и кога ќе зоврие гответе 5 минути да добиете фин леплив сируп. Измешајте, додајте лимон и оставете да се излади. 
  2. Измешајте масло и вода и ставете да зворие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и додајте брашно, па масата згответе ја. 
  3. Мешајте додека брашното не се соедини со маслото и водата и додека не добиете тесто. 
  4. Оставете да се излади, па кога ќе биде млако, малку премесете го. Ќе добиете фина топка, тврдо тесто. Потоа додавајте едно по едно јајце и матете. 
  5. Во широк сад ставете 1 л масло и загрејте го да биде млако. 
  6. Наполнете шприц за тулумби со масата. Ставајте со шприц во млакото масло. Сечете со прсти или ножици. 
  7. Готовите тулумби вадете ги во претходно подготвениот сируп. Во сирупот држете ги 2-3 минути па вадете ги.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете го во видео рецептот на „Домашни рецепти“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта