Едноставен десерт со банана во кој сите ќе уживаат!

Едноставен десерт со банана во кој сите ќе уживаат!

Вкусен колач кој се прави брзо и лесно, а има неодолив вкус…

Состојки за кора:

  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици какао
  • 3 лажици масло

Состојки за крем:

  • 2 пудинга од ванила
  • 600 мл млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици маргарин
  • 250 гр изгмечена банана

Начин на подготовка:

  1. Жолчките разматете ги со шеќер, масло, брашно, прашок за печиво и какао прав. 
  2. Направете снег од белки и спојте го со смесата од жолчки. Печете околу 25 минути на 180 степени. Кога кората ќе биде готова прелијте ја со 150 гр шеќер и вода. 
  3. За кремот згответе пудинг во 1/2 л млеко со 4 лажици шеќер. Оставете да се излади, а за тоа време разматете маргарин со 4 лажици шеќер во прав и банана. 
  4. Кремот прелијте го преку кората, а преку кремот прелијте чоколадна глазура од 100 гр чоколадо, 1 лажица шеќер и 50 гр маргарин.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед