Ловечка пита: Неодолива комбинација од мелено месо и запечено пире од компири

Ловечка пита: Неодолива комбинација од мелено месо и запечено пире од компири

Вкусот е апсолутно фантастичен! Задолжително пробајте го ова јадење…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1/2 главица кромид
  • 2 моркови
  • 200 пелати домати
  • 1 лажица путер
  • 3/4 лажица брашно
  • 1 лажица магдонос
  • 600 гр компири
  • 3 лажици млеко
  • малку босилек

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги. Кромидот и морковите пропржете ги и додајте месо. Зачинете па измешајте пелати. Гответе додека сосот не згусне. Варените компири исцедете ги, додајте млеко и путер и направете пире. 
  2. Садот за печење премачкајте го со путер и ставете смеса од месо. Прекријте ја со пире од компири и запечете на 250 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт