Направете чоколадна бомба со супер вкус во вашата кујна. Ова е рецептот.
Состојки:
- 6 јајца
- 150 гр. шеќер
- 200 гр. маргарин
- 150 гр. какао
- 4 лажици брашно
- ½ прашок за пециво
- 1 л. павлака слатка
- 400 гр. чоколадо
Подготовка:
- За бисквит се матат жолчките со шеќер и маргарин, па се додава какао и брашно со прашок за пециво.
- Белките се матат во цврст снег, па се додаваат постепено во смесата.
- Се пече бисквитот во плех со хартија на 180 степени 20 минути.
- За крем се загрева павлаката со чоколадото, па се лади и се става на бисквитот.
- Нека се стегне, па украсете си по избор.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: