Пролетна крем супа со печурки

Пролетна крем супа со печурки

Направете вкусна пролетна чорба со печурки.Вкусна и хранлива, ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. печурки
  • 500 гр. компир
  • 2 моркови
  • 150 гр. маргарин
  • 500 мл. млеко
  • 4 лажици кисела павлака
  • бибер
  • сол
  • маслиново масло
  • лук во прав

 

 

Подготовка:

  1. Компирите и морковите се мијат и лупат, па се ставаат да се варат во солена вода.
  2. Измијте ги печурките и исечете ги ситно, а потоа запржете ги на маслиново масло.
  3. Се вади зеленчукот кој го варевме, се цеди и блендира, додаваме и млеко, маргарин и кисела павлака, како и лук во прав.
  4. Се мати со миксер да нема грутки, па се остава да поврие на шпорет.
  5. Се става во чинија и се додаваат печурки.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба од кисела зелка варена во расол

Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Црвено бела чорба: Само една чинија го закрепнува и лечи телото!

Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Чорба од маринирани печурки – за ладните денови

По старски рецепт: Банатска компир-чорба со варени јајца

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

singlepost_text