Тиквици полнети со сирење и препечен сусам

Тиквици полнети со сирење и препечен сусам

Во само неколку чекори подгответе совршен ручек…

Состојки:

  • 3 помали тиквици
  • 200 гр фета сирење
  • 2 лажички препечен сусам
  • 2 чешниња мелен лук
  • 1 рака сечкан магдонос
  • сол
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците измијте ги и исечете ги по должина. Извадете го внатрешниот дел од тиквиците.
  2. Извадениот дел исечкајте го. Во чинија ставете го исечканиот дел од тиквиците, издробено фета сирење, сусам, лук, магдонос, сол и вегета. Измешајте и со наведената смеса наполнете ги тиквиците.
  3. Тиквиците ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење.
  4. Печете 20 минути на температура од 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт