Пилешко во сос од сенф – Кремав ручек од неколку состојки

Пилешко во сос од сенф – Кремав ручек од неколку состојки

Вкусно месо со кремав сос од сенф.Ова е рецептот кој сите ќе ви го бараат и во кој сите ќе уживаат.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко месо 
  • 2 лажици маслиново масло 
  • 1 лук 
  • ½ шолји павлака за готвење 
  • сол 
  • бибер 
  • 2 лажици сенф 
  • 1 лажичка мед

 

 

Подготовка:

  1. Маслиновото масло се загрева на тава, а на месото од двете страни му се става сол и бибер, па се пржи. 
  2. Се става на чинија и се замотува во фолија. 
  3. Лукот ситно се сече, па се става во тавата во која се пржеше месото, се остава да се динста кратко, па се додава павлаката со сенф и сол и бибер. 
  4. Мешајте и крчкајте, па потоа ставете го пилешкото на чинија одмотано од фолијата, па ставете од сосот врз него. 
  5. Уживајте, пријатно јадење.

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text