Гибаница од стар леб: Евтино јадење со богат вкус

Гибаница од стар леб: Евтино јадење со богат вкус

Кога ќе ви остане леб од минатиот ден, не го фрлајте, туку испробајте го ова евтино, но фантастично јадење!

Состојки:

  • 1 векна сув леб
  • 500 гр сирење
  • 50 гр путер
  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 150мл кисела вода
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на парчиња и на секое парче отсечете ги краевите, така што ќе добиете облик на коцки. Ситно изрендајте сирење, па додајте јајца, путер, кисела вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. 
  2. Секое парче леб потопете го во млеко и редете го намастен сад, па намачкајте со фил. Преку наредете уште еден ред леб потопен во млеко. Печете 30 минути на 225 степени. 
  3. Гибаницата исечкајте ја на парчиња, па секое парче украсете го со лажица павлака.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта