Без пржење во масло и стоење до шпорет: Крофни кои нараснуваат огромни

Без пржење во масло и стоење до шпорет: Крофни кои нараснуваат огромни

Направете големи, а толку меки и сочни крофни со шеќер во прав на нив, кои се омилени на сите.Го нема делот со стоењето до шпорет и со пржењето во масло, што секако е штетно.

Состојки:

  • 40 гр. свеж квасец 
  • 900 гр. брашно 
  • 4 јајца 
  • 300 мл. јогурт 
  • 200 мл. вода 
  • 150 гр. шеќер во прав  + 150 гр. за горе 
  • 150 гр. маргарин + 100 за премачкување

 

 

Подготовка:

  1. Во млака вода се разматува квасецот со шеќер, па во вангла се става брашното со јогуртот и јајцата, шеќерот и растопениот маргарин. 
  2. Потоа се става и надојдениот квасец и се меша со жица да се соедини тестото. 
  3. Нека стои еден час да нарасне двојно, па ставете брашно на работната маса и премесете го тестото. 
  4. Развлечете го тестото, вадете крофни со шолја и ставајте ги во плех премачкан со маргарин. 
  5. Нека ви остане простор бидејќи ќе нараснат. 
  6. Оставете ги 15 минути вака, па печете ги на загреана рерна на 180 степени. 
  7. Растопете го маргаринот кој остана или стоте грама, веднаш премачкајте ги кога ќе ги извадите од рерна и ставете шеќер во прав.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text