Направете вкусен и сочен колач со вишни. Идеално освежување. Киселкаво благ вкус и ноти кои сите ќе ги освојат.
Состојки:
- 3 јајца
- 4 мали шолји шеќер
- 1 мали шолји кисела вода
- 2 мали шолји млеко
- 2 мали шолји масло
- 7 мали шолји брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 кеси ванилин шеќер
- 500 гр. вишни замрзнати
- 1 лимонова кора
Подготовка:
- Се матат јајцата со шеќер во еден сад, па се додаваат кисела вода, млеко, масло, брашно, прашок за пециво, рендана кора од лимон и ванилин шеќер.
- Се става смесата во плех за печење и се ставаат и вишните во смесата.
- Се пече на загреана рерна на 200 степени половина час.
- Може да декорирате со шеќер во прав по избор.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути