Песто сос од босилек

Песто сос од босилек

Збогатете ги своите оброци со вкусен песто сос од босилек кој лесно и едноставно се прави.

Состојки:

  • 3-4 шолји листови босилек
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр пармезан
  • 50 гр индиски ореви
  • 1 дл маслиново масло
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте го босилекот, измиксајте го во блендер со лук и индиски ореви. 
  2. Додајте пармезан, постепено доливајте маслиново масло и уште миксајте да се соедини во маса како мајонез. 
  3. Напомена: Песто сосот подгответе го само од листови босилек, цветовите и гранките одвојте ги бидејќи даваат горчлив вкус.

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

 

 

 

singlepost_text