Мафини во две бои – ќе ги обожавате

Мафини во две бои – ќе ги обожавате

Изгледаат интересно, а вкусот е навистина богат!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 175 гр шеќер
  • 225 гр брашно
  • 25 гр пченкарно брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 5 големи лажици млеко
  • 85 гр маргарин
  • 2 лажици какао

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени. Разматете јајца и шеќер, додајте маргарин, па кога масата ќе се изедначи додајте ги и останатите состојки (постепено) по ред. Поделете ја масата на два дела. Во едниот дел додајте какао и добро измешајте. 
  2. Ставете хартиени корпички во калап за мафини и ставајте ги двете смеси истовремено (до половина од калапот). Печете 25 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text