Наједноставната торта со неодоливо бело чоколадо

Наједноставната торта со неодоливо бело чоколадо

Подгответе торта на малку поинаков начин. Вкусот е фантастичен, а се прави за миг!

Состојки:

  • 200 гр бело чоколадо
  • 500 гр маскарпоне сирење
  • 2 кесички инстант желатин
  • 200 мл слатка павлака
  • 200 гр дробен кекс по желба
  • 100 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Белото чоколадо растопете го на пареа. Во сирењето измешајте растопено чоколадо, а потоа измешајте 2 кесички инстант желатин. 
  2. Од 200 мл слатка павлака направете цврст шлаг и него измешајте го во чоколадото. Кексите издробете ги ситно, додајте им растопен путер и истиснете на дното од калапот за торта. Излејте ја смесата од чоколадо и сирење и добро изладете. Украсете со шлаг и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта