Деликатес со арома: Полнети запечени колбаси со кашкавал, ајвар и сланина

Деликатес со арома: Полнети запечени колбаси со кашкавал, ајвар и сланина

Вистински деликатес во кујната може да направите и со колбаси.Супер вкусно полнето месо, запечено и ароматично.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 4 колбаси 
  • 1 црвена пиперка 
  • 1 жолта пиперка 
  • 4 парчиња тост кашкавал 
  • 2 лажици ајвар 
  • 1 главица кримид 
  • 1 морков 
  • масло 
  • 200 гр. сланина

 

 

Подготовка:

  1. Кромидот се лупи и сече, заедно со пиперките кои се мијат, чистат и сечат ситно, а морковот се лупи и ренда на крупната страна на рендето. 
  2. Се пржи на масло во тава кромидот, морковот, црвената и жолта пиперка, се динста со додавање вода додека не омекне зеленчукот. 
  3. Се пресекуваат во должина на пола колбасите, се пемачкуваат со ајвар. 
  4. Се става не секоја лист кашкавал, па фил од зеленчукот. 
  5. Се преклопува. 
  6. Се завиткуваат со листови сланина, па се редат во плех со масло и се печат на 200 степени додека не порумени сланината.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Тарана со колбаси

Потпечени компири со колбаси

Гулаш од колбаси

Деликатес со колбаси

Колбаси со кари и кечап