Вкусен прилог: Пире од карфиол и лук

Вкусен прилог: Пире од карфиол и лук

Ако ви здосадија стандардните прилози, еве еден малку поинаков рецепт…

Состојки:

  • 1 главица карфиол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици пармезан
  • 1 лажица крем сирење со мала масленост
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот добро измијте го, тргнете ги листовите и ставете го во вода која врие. Гответе 5-10 минути, до моментот кога карфиолот малку ќе омекне. 
  2. Загрејте маслиново масло на слаб оган, пропржете го лукот и тргнете од оган. 
  3. Половина од количината варен карфиол ставете во блендер и вклучете на најјака брзина. По малку додавајте го остатокот за убаво да се измеша. Додајте ги останатите состојки и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text