Не давајте многу пари во маркети: Направете најубава велигденска трева дома

Не давајте многу пари во маркети: Направете најубава велигденска трева дома

На велигденската трпеза една од најубавите декорации е токму велигденската пченица или велигденската трева.Наместо да ја купувате по маркетите, може да ја направите дома и тоа за малку пари.

Ви требаат памук, неколку зрна пченица и модли по избор.

Се зема модла како капаче од шише,некое канче или чинивче, или сад, па се зема памук со иста големина и се обложува, а потоа убаво се натапкува на дното.

Се додава вода само колку да се намокри памукот, но не и да се прелева.

Се ставаат зрната пченка, а колку повеќе ставите едно до друго, толку погуста ќе биде тревата.

Се чува во просторија со собна температура.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Велигденски јајца со ружички

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?